Секој човек на различен начин се справува со тагата. Некои луѓе на полесен начин се носат со негативните емоции, додека пак други стануваат деструктивни и се одалечуваат од своите најблиски бидејќи не знаат како да го искажат она што го носат во себе.
Овен
И кога е тажен, Овнот излегува надвор со неговите пријатели.
Понекогаш се чувствуваат како да немаат контрола врз нивниот живот, па стануваат импулсивни, заслепени од бес. Се расправаат со нивните најблиски и се преправаат дека ништо повеќе не им е важно.
Бик
Тагата и депресијата имаат големо влијание брз Биковите. Кога се тажни, тие остануваат дома и се изолираат од светот. Кога се депресивни, сметаат дека се сами против сите. И тие се познати како импулсивни личности, па кога се тажни, ова е уште поизразено.
Близнаци
Кога се тажни, постајано ги преиспитуваат нивните мисли. Се повлекуваат во себе и делуваат како да не се присутни во овој свет, наместо да се соочат со она што ги мачи. Тие се дистанцираат од своите чувства и не знаат како да се носат со нив и да ги решат проблемите.
извор: кајгана