Направете вкусен ручек со пилешко и кашкавал.
СОСТОЈКИ:
- 500 гр. пилешко месо
- 500 гр. компири
- 100 гр. маргарин
- 100 гр. презла
- 150 гр. кашкавал
- масло и зачини
ПОДГОТОВКА:
Се лупи компирот, се сече на кругови, се ставаат зачини и се става во плех со масло.
Се сече ситно месото или се цепка и се става во растопен маргарин па презла и се реди врз компирот.
Се става рендан кашкавал и се пече на загреана рерна на 200 степени околу половина час.
извор:готви.мк