Живот и Стил

Очилата за сонце ве штитат од штетните сончеви зраци, но сепак не треба да ги носите наутро: Знаете ли зошто?

Очилата за сонце ве штитат од штетните сончеви зраци, но сепак не треба да ги носите наутро: Знаете ли зошто?

Исто како и за време на сончевите летни денови и во пролет кожата треба да се заштити со креми и лосиони со заштитен фактор за да не изгорите, а очите е неопходно да се заштитат со квалитетни очила за сонце.

Но, никому не му паднало на памет дека не е добро очилата да ги носиме постојано додека сме изложени на сонце. Поточно, лекарите велат дека не треба да носиме очила за сонце во одредени периоди од денот, дури и ако е сончево.

Студијата објавена од американскиот Национален институт за очно здравје покажува дека УВ зраците можат да го оштетат протеинот во леќата, што на крајот може да доведе до мрежница или катаракта, што е водечка причина за слепило во светот.

Покрај тоа, постојат знаци дека УВ-зрачењето може да ја зголеми можноста за дегенерација на макулата, местото кое е одговорно за најостриот вид кај луѓето. Сонцето може да предизвика и краткорочно оштетување на окото наречено фотокеритис, што често резултира со привремено заслепување или заматен вид кај луѓето.

Чест проблем со УВ зраците е тоа што не ги гледаме, а кога немаме очила за сонце, ја восприемаме светлината директно во окото, кое е многу чувствително на неа. Некои фактори можат да ја зголемат можноста за оштетување на очите, како што се водата, снегот, ветробранските стакла на автомобилот што ги рефлектираат сончевите зраци, па во очите ни влегува двојно поголема количина на УВ зраци.

Исто така, зраците се посилни на поголема надморска височина. Затоа е добра идејата да се обрне внимание на тоа колку УВА и УВБ заштита нудат очилата. Најдобри се оние што се 99 до 100% сертифицирани против овие зраци. Цената не е толку важна, затоа што и поскапите и поевтините со оваа етикета ќе биде подеднакво добри, но она што е важно е големината – колку се поголеми, толку подобро. „Ленонките“ не нудат иста заштита од дифузните зраци кои доаѓаат од многу агли.

Значи, ако сакате да ги заштитите очите, очилата за сонце треба да се носат кога ќе ја напуштите куќата, а надвор е сончево. Сепак понекогаш треба да ја намалите претпазливоста и да шетате без очила за сонце. Докажано е дека луѓето кои се изложени на силна сончева светлина наутро, многу полесно заспиваат во вечерните часови. Утринската светлина има големо влијание врз нашиот биоритам. Носењето очила за сонце наутро може да го наруши овој биоритам, а последица ќе биде тоа што нема мирно да заспиете ноќта. Затоа препораката е да не носите очила за сонце наутро до 9 или 10 часот. Се разбира, под услов да не гледате директно во сонцето, а сончевата светлина да не биде премногу силна.

извор:кафепауза.мк

To top