Ако се чувствувате поспано или уморно, не посегнувајте веднаш по кофеинот. Овие 14 работи ќе ви помогнат да се опуштите и да се одморите, да останете будни и фокусирани.
1. Витамин Д
Сè што треба да направите е да си поиграте со децата надвор, да го прошетате кучето или сами да одите на прошетка. Ако планирате да бидете надвор подолго време, не заборавајте да нанесете крем со заштитен фактор. Рибата, жолчките, млекото и житарките се исто така извор на витамин Д.
2. Пијте (многу) вода
Водата му помага на вашето тело да се движи, а заморот е сигурен знак дека вашето тело не добива доволно вода. Чувајте шише со вода во вашата чанта, на бирото или во автомобилот. Така, ќе имате навика да се хидрирате во текот на денот.
3. Медитирајте
Родителството е бесконечен круг активности, домашни задачи, одговорности и секојдневни изненадувања. Понекогаш кафето што го пиете за да останете будни ќе ве направи помалку фокусирани. Околу 15 минути одмор или медитација ќе ви помогнат да се опуштите и да се одморите.
4. Етерични масла
Природни и без хемикалии, тие може да ви помогнат за намалување на стресот и за подобрување на расположението. Љубителите на етерични масла препорачуваат ментол и грејпфрут за зголемување на енергијата и морско оревче за фокусирање.
5. Намалете го внесот на шеќер
Храната што содржи многу шеќер може да предизвика покачување на шеќерот во крвта, што има краткорочен ефект кој ќе направи да се чувствувате добро. Обидете се да пиете колку што е можно повеќе вода и да грицкате здрави грицки како бадеми, ореви или нешто слично.
6. Музика за релаксација
Музиката го подобрува расположението, па пуштете ги вашите омилени песни додека подготвувате вечера или додека ја чистите куќата.
7. Оддалечете се од екранот
Без разлика дали се работи за телефонот, за таблетот или за компјутерот, тие можат да ве држат будни ноќе, што резултира во недостаток на сон. Исто така, може да ве исцрпат уште повеќе.
8. Храна против замор
Мешункасите плодови се многу корисни во борбата против заморот. Обидете се да ги вклучувате во вашите јадења колку што е можно почесто, барем еднаш неделно. За нешто послатко, лубеницата е одличен извор на Б6 и цитрулин, аминокиселина која позитивно влијае на срцето и на имунолошкиот систем.
9. Вежбајте
Колку и да ви е тешко да соберете волја за вежбање, тоа е многу добро за вашето здравје. Ако не сакате интензивни тренинзи, обидете се да танцувате додека ја слушате вашата омилена музика.
10. Ако не сте расположени за нешто, кажете „не“
Честопати брзате некаде и се обидувате да сторите сè за многу кратко време. Но, наместо да се обидувате да го постигнете сето тоа, обидете се да одложите или да прескокнете нешто. Оставете малку време за себе и за семејството.
11. Бидете друштвени
Изолацијата може да доведе до замор и депресија, па затоа е важно да се дружите со пријателите и со семејството, особено овој период. Обидете се да смислите некои интересни игри што можете да ги играте со пријателите преку видеоповик.
12. Разбудете се рано
Обидете се да станете колку што е можно порано. Ќе уживате во денот, ќе се чувствувате подобро и ќе уживате во убавината на утрото.
13. Време за себе
Сега е совршено време да одвоите барем еден час за себе и да направите маникир, да ставите маска за лице, да ги пробате новиот пилинг и новата маска за коса.
14. Не прескокнувајте го појадокот
Појадокот е најважниот оброк во денот. Сите го знаат тоа, но колкумина се придржуваат кон тоа?
извор:кафепауза.мк