Радио Милева

По пишувањата дека сопругот и ги земал децата, Тања Савиќ ја откива вистината, а проговори и за тужбата

По пишувањата дека сопругот и ги земал децата, Тања Савиќ ја откива вистината, а проговори и за тужбата

За пејачката Тања Савиќ изминативе денови доста се пишуваше во српските медиуми поради семејната драма и наводните несогласувања со нејзиниот сопруг Душан.

Таа се огласи на Инстаграм за приказната дека морала да се омажи за него иако не го сакала.
Тања ги негираше сите пишувања за тоа и реши да стави крај на сите шпекулации со кои се поврзува нејзиното име..

фото:тања савиќ/инсатграм

– Ох! Па ова е хит! Едноставно имате голема фантазија. Ако тргнам да ги тужам сите поединечно, ќе се збогатам – напишала Тања за обвинувањата дека со сила се омажила и дека таа не го сака својот сопруг.


Да потсетиме, Тања отиде во полициската станица пред неколку дена да ја пријави кражбата на детските пасоши, а медиумите шпекулираат дека се расправала со сопругот. Таа откри дека нејзините синови сега се со нивниот татко во Австралија.

To top