Живот и Стил

Идеја за десерт: Колачиња со јагоди

Идеја за десерт: Колачиња со јагоди

Пробајте го овој едноставен рецепт за вкусни колачиња со јагоди.

Потребни ви се околу 20 минути.

Состојки:

  • Тесто
  • Малку масло
  • 150 гр. исчистени и исечкани јагоди
  • Лажица сок од лимон
  • 100 гр. шеќер
  • 250 гр. прашок за пециво
  • Малку сол
  • 110 гр. путер на собна температура
  • 55 гр. кафеав шеќер
  • 1 поголемо јајце
  • Лажичка екстракт од ванила

За фил

  • 4 лажици крем сирење
  • 3 лажици шеќер
  • Изрендана кора од лимон

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартија за печење- врз неа сипете малку масло.

Во помала чинија измешајте исечкани јагоди, сок од лимон и лажичка шеќер и оставете да отстојат околу 10 минути.

Во друга чинија измешајте брашно, прашок за пециво и сол. Во трета чинија со мискер изматете путер, преостанатиот бел и кафеав шеќер додека да добиете пенлива смеса. Додајте јајце и екстракт од ванила и матете додека да се соединат. Потоа, додајте брашно и матете постојано додека да добиете соединета смеса. Додајте ги јагодите.

Во друг сад измешајте крем сирење, шеќер и кора од лимон и матете додека да добиете кремаста смеса.

Треба да добиете 24 колачиња, на 12 од нив ставете од филот и поклопете ги со преостанатите 12.

Печете околу 18 до 20 минути или додека да добијат златеста боја.

извор: Кајгана

To top