Повеќето чуваат чаша со вода покрај креветот за да не мора да стануваат во текот на ноќта ако ожеднат, но дали сте забележале дека водата има чуден вкус откако ќе ја испиете наутро?
Можеби мислите дека водата во чашата ја изгубила својата свежина. Но, дали е можно на водата да ѝ пројде рокот?
pH рамнотежата на водата се намалува кога таа ќе остане непокриена преку ноќ. Водата впива јаглерод диоксид кој ја прави кисела, но тоа не е единствената работа за која треба да се грижите – она што би требало да го привлече вашето внимание е ризикот од болести предизвикани токму од ваквата вода.
Водата е елемент склон на развој на живот. Во неа може да се развиваат бактерии доколку долго време се остави да стои незатворена на воздух. Хемијата на водата се менува, 0,13% се претвора во карбонатна киселина која подоцна создава бикарбонати и карбонати. Но, не е само поради тоа небезбедно да се пие таква вода – таа привлекува и куќна прашина.
Водата може да се чува на неодредено време ако е исправно складирана. Флашираната вода го спречува развојот на бактерии на неколку дена, но не засекогаш.
Затоа најдобро е да пиете свежа вода. Ставете вода во чашата и веднаш испијте ја, без да ја оставате во текот на целата ноќ. А доколку навистина не сакате да станувате само поради една чаша вода, секогаш можете да чувате шише со вода покрај креветот.
извор:точка.ком.мк