Живот и Стил

Брз ручек готов за 20 минути: Пикантно пилешко со сусам и ориз

Брз ручек готов за 20 минути: Пикантно пилешко со сусам и ориз

Пилешкото месо е здраво и брзо се подготвува, а најмалку масен дел се пилешките гради. Ова парче месо е погодно за подготовка на широк спектар јадења, но ако ви се здосадени класичните рецепти испробајте го овој.

Ако сакате допир од егзотичност во вашата чинија, пробајте го ова пилешко подготвено со мед и чили. Еве неколку совети: пилешките гради се многу поевтини ако ги купите заедно со кожата и коските;

Откако ќе го одвоите месото може да сварите пилешка супа од коските и кожата; Ако немате масло од сусам, заменете го со обично, сончогледово масло, тоа нема да направи голема разлика. Сепак, другите состојки како медот, сусамот, соја сосот и чилито се задолжителни. Ако го ставите ориз да се зготви на почетокот, овој ручек навистина може да биде готов за 20 минути.

  • Потребни состојки:
  • 1 кг пилешки гради, исечени на коцки од 2,5х2,5 см
  • 0,5 дл мед
  • 0,5 дл соја сос
  • 0,5 дл вода
  • 3 парчиња лук (ситно сечкан)
  • 1/4 лажичка исечкано чили
  • 3 лажички пченкарен скроб
  • 2 лажици ладна вода
  • 2 лажици сусам
  • 1 лажица масло од сусам
  • За гарнир: варен ориз

Евентуално: ситно сечкан млад кромид

Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги медот, соја сосот, водата, лукот и чилито и тргнете го сосот на страна.
Загрејте го маслото од сусам во тава и кога ќе биде жешко, додајте ги коцките пилешко.
Пржете ги на висока температура со постојано мешање неколку минути, а потоа истурете го веќе подготвениот сос во тавата.
Малку намалете ја температурата и гответе уште 5 минути, со покриен капак. Повремено мешајте.
Во сад измешајте пченкарен скорб и 2 лажици вода и мешавината додајте ја во јадењето. Мешајте додека смесата не згусне.
Изгаснете го огнот и наросете со сусам. Послужете со варен ориз и посипете со сечкан кромид.

извор:кафепауза.мк

To top