Американскиот пејач Арон Картер (31), помладиот брат на членот на групата „Бекстрит Бојс“, Ник Картер, призна дека страда од шизофренија, акутна вознемиреност, депресија и биполарно растројство.
Поранешната тинејџерска ѕвезда и миленик на младите девојки ширум светот зборувал за неговата борба и против дијабетесот во интервју за американското ТВ-шоу „The Doctors“.
Но сега тој сподели убава вест!
Арон чека дете со девојката Мелани Мартин на која и го прости неверството и тоа што физички се пресмета со него, па полицијата ја приведе.
Тогаш беше разочаран и тоа јавно го призна на социјалните мрежи, но сега изгледа животот им се менува и на двајцата.
-Ќе станам татко, официјално е. Двајцата сакавме и работевме на тоа и мислам дека ќе бидам добар татко. Семејството и музиката сега ми се приоритет, вели Картер за магазинот „People“.