Славната холивудска актерка Џулија Робертс и сопругот Даниел Модер, според пишувањето на странските медиуми се во центарот на скандалите и тоа откако актерката решила да ја продаде луксузната вила во која живеат.
„Да, живеат во вилата, но не е доволно голема за да не се сретнуваат, и понатаму се расправаат и се навредуваат“, рекол неименуваниот извор кој тврди дека сопружниците, после многуте гласини за развод, одлучиле да дадат сè од себе и да поработат на нивниот однос. Меѓутоа, се случило спротивното.
Како една од најголемите причини за несогласувањата се наведува фактот дека Џулија и Даниел никако не можат да се согласат каде да живеат. Актерката сака времето со семејството да го поминува во Сан Франциско – Мексико, додека тој е задоволен во Лос Анџелес.
Џулија затоа одлучила да купи куќа во Сан Франциско, а таа во која сè уште живеат и на која е сопственичка, решила да ја продаде, па едноставно го истерала сопругот од домот.
Инаку, како што наведува анонимен извор за магазинот “National Enquirer”, Даниел разводот ќе го чини 200 милиони евра, поради предбрачниот договор кој го потпишале со актерката пред да стапат во брак.