Живот и Стил

(ФОТО) Неколку совети за Вашиот дом да изгледа 10 пати подобро

(ФОТО) Неколку совети за Вашиот дом да изгледа 10 пати подобро

Денес ќе Ви претставиме неколку совети на кои веднаш ќе се сетите кога следниот пат ќе имате напад на паника поради големиот неред.

Ненси Мичел е стилистка и фотографка, која има снимено многубројни ентериери.

Во текот на годините своите вештини ги развила во рутина и заклучила дека за брзинско уредување на просторо важни се следните неколку трикови.

Исчистете ги куповите низ домот

Речиси секој дом има тенденција да складира работи, кутии тука, документи таму…Доколку живеете во таков простор тешко е да ги забележите, бидејќи постојано ги гледате. Трик кој ќе Ви помогне? Фотографирајте го тоа со мобилниот телефон и гледајте ја фотографијата! Тоа ќе Ви помогне да го гледате просторот со нови очи, а можеби и ќе Ви помогне за трајно отстранување на тоа.

Откажете се од нешто

Дали тоа го рекла Елизабет Тејлор, дека кога се облекувате за во град, погледнете се во огледало и соблечете нешто од себе? Не, тоа беше Коко Шанел, но и ние Ви препорачуваме да го направите тоа во домот. Кога нешто ќе отстранете од просторот за кое што сметате дека е премногу, едноставно направете го тоа, бидејќи просторот веднаш започнува да “дише”. Не морате засекогаш да се откажете од тие предмети, само можете да ги префрлите во друга просторија.

Оставете мебелот да “дише”

Уште еден трик: комодите кои се прилепени една до друга, поместете ги барем на десет сантиметри, ќе забележите дека тоа прави разлика. Доколку имате доволно место во собата, направете му простор и на Вашиот мебел, а на тој начин ќе добиете простор кој е посветол, полн со пријатна атмосфера и комфортен. Исто така, поместете го мебелот и на неколку сантиметри од ѕидот.

Додадете цвеќиња

Доколку внимателно ги гледате фотографиите во магазините за уредување на домови, ќе забележите дека сите имаат една заедничка работа, цвеќиња. Без разлика дали станува збор за свежо цвеќе во вазна или пластично, во модерните ентериери цвеќињата ја ублажуваат строгоста на линијата и креира атмосфера, а цвеќето ќе го одберете во зависност на каква атмосфера сакате да постигнете.

Поиграјте си со дијагоналите

Еден од начините да го промените просторот е доколку предметите во домот барем малку им ја променете дијагоналата. Можете да се обидете со комода или столица па да ја забележите промената.

извор:точка.мк
To top