Месец март е месецот на жените- хороскопските риби, а една од нив е и ќерката на Сузана Турунџиева.
Убавата Лора како што вели нејизната мама Сузе, денес влезе во светот на возрсните, односно наполни 18 години и прославува полнолетство.
По тој повод, Сузана со своето најмоќно оружје, зборовите, за својата сакана ќерка Лора напиша роденденска посвета на социјалните мрежи во која ги изли своите мајчински чувства што може една мајка да ги посака за својата принцеза кога од девојченце преминува во девојка и дама, а посветата на Сузе гласи вака:
Во моето племе од денес има има уште една полнолетна дама. Ќерко моја, те посакав, замислив и засакав уште пред да те родам. Не знаев дека ќе бидеш толку посебна и толку убава. Знаев дека ќе го направиш светот поубаво место за живеење и знаев дека ќе бидеш своја, до коска! Добре дојде во светот на возрасните Лора! Промени го светот, ама не му дозволувај да те промени тебе… п.с. Остаре и ти ќерко, готово. Среќен 18ти роденден убавице и да имаш сто пати поубав к’смет од мојот!, напишаа таа.