Мирко Шијан, синот на фолк пејачката Гоца Божиновска, наводно ја оставил својата вереница Оља по речиси три години врска, заради Бојана Родиќ, постарата сестра на Богдана Ражнатовиќ, сопругата на синот на Цеца – Вељко. Мирко и Бојана заедно го поминувале времето среде полицискиот час во Србија со десеттина пријатели во една куќа во близина на Белград.
Веселата дружина се опивала во дворот, каде музиката трештела во текот на целиот ден, но и длабоко во ноќта, а двојката заљубени гулапчиња се снимала во занес, додека бакнежите не престанувале.
„Три дена сме во врска, нели Бојана“ – одговорил Мирко откако добил прашања во лајв видео-објавата што ја започнал на Инстаграмот на Бојана.
Инаку, првите љубовни искри меѓу синот на Гоца Божиновска и згодната балтска на Вељко, заискрија многу оддамна, но еден по друг целосно „одлепиле“ на Копаоник кон средината на февруари, каде што Мирко беше со свршеницта Оља, а Богдана со сестрите и Вељко Ражнатовиќ.
„Девојката на Шијан, Оља, оддамна забележа дека Мирко флертува со Бојана и им се пожали на пријателите за неговото однесување. Мирко едноставно не можеше да остане имун на позитивната енергија и веселата природа на Бојана. Оља сосема полуде бидејќи Мирко постојано со поглед ја бараше Бојана, дење по ски стазите, навечер во секој ноќен клуб каде што ќе влезеа. Оља и Мирко за тоа жестоко се расправаа, а тој упорно ја убедуваше дека таа само си умислува, дека тој ја симпатизира сестрата на Богдана“ – вели изворот.