Времето ќе биде сончево и потопло со слаб променлив ветер. Наутро понекаде утринската температура ќе биде околу нулата.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната температура до 18 степени.
Следува период на сончево, стабилно време и дневните температури брзо ќе се покачат. Во петок утринската температура наместа ќе биде околу нулата. Зголемување на облачноста ќе има во недела, а од понеделник ќе има нови врнежи од дожд кои ќе бидат повремено пообилни.