Живот и Стил

Мали работи што ќе ве прават среќни додека сте во изолација

Мали работи што ќе ве прават среќни додека сте во изолација

Овие неколку совети ќе ви откријат како да се забавувате и што да правите додека сте во карантин, така што деновите ќе ви поминат многу побрзо.

1. Слушајте грамофонски плочи, тоа ќе ве натера да станете
Додека работите од дома, слушајте музика на грамофонски плочи наместо на вашиот компјутер. На тој начин, ќе треба да станувате на секои 20-30 минути за да ја смените плочата. Тоа ќе ве потсетува дека треба да станете и да прошетате.

2. Испратете писмо
Кога ќе заврши овој бурен период, писмата ќе останат мали, слатки спомени.

3. Направете список со обврски на хартија
Запишете ги секојдневните задачи на списокот, но и некои други задачи, како што се вежбање, готвење и сл. Потоа, залепете го списокот пред вас на работниот ѕид.

4. Организирајте виртуелна вечера
За време на карантинот, разговарајте со вашите пријателки за рецепти и за креативни начини како да го искористите максимумот од намирниците што веќе ги имате дома.

5. Започнете амбициозен проект со лего коцки
Составувањето на коцките ќе има смирувачки ефект на вас.

6. Јавете им се на луѓето со кои не разговарате често
Дајте им на знаење на луѓето дека се грижите за нив и ќе се чувствувате подобро откако ќе го направите тоа.

7. Вежбајте
На Интернет и на социјалните мрежи можете да најдете многу видеа со вежби што можете да ги правите во својот дом.

8. Придружете се на забавите со познатите личности
Многу познати диџеи организираат забави во живо, па ако ви е здодевно, следете ги познатите диџеи на Инстаграм и уживајте во нивните забави.

9. Бојте
Ако сте под стрес или ви е здодевно, боенките за возрасни може да ви помогнат. Ако немате таква боенка, можете да најдете бесплатно на Интернет и да ја испечатите.

извор:кафепауза.мк

To top