Актерката Грејс Гејмер, инаку ќерка на славната Мерил Стип, се разведува по 42 дена брак.
Според странските медиуми, Грејс му ги предала документите за развод на музичарот Таџ Стратерн.
Двојката се венчаше на 10 јуни 2019 година, а актерката реши да стави крај на 21 август истата година, сепак, дури сега таа официјално поднела барање до судот.
View this post on Instagram
Како причина ги наведе непомирливите разлики меѓу неа и музичарот.
View this post on Instagram
Двајцата никогаш не објавија јавно дека се во брак, па веста стигнала до медиумите кога се решиле на развод.