Живот и Стил

Колку често треба да се менува постелнината во текот на пандемијата на коронавирусот?

Колку често треба да се менува постелнината во текот на пандемијата на коронавирусот?

Претходните истражувања покажуваат дека поголемиот дел од луѓето спијат предолго на иста постелнина. Но тоа сега, во време на пандемија на коронавирус, би можело да биде поопасно од претходно.

Ескпертите предупредуваат дека постелнината треба да се менува односно да се пере најмалку еднаш неделно.

Луѓето спијат на иста постелнина до 12 дена
Освен грини кои се размножуваат на валкана постелнина и можат да предизвикаат здравствени проблеми, вашиот кревет може да биде плодно тло и за вируси и бактерии. Ако сте болни, од клучна важност е да ја менувате постелнината почесто од еднаш неделно и истата да ја перете на висока температура.

Загрижувачки е податокот на новата студија кој вели дека луѓето спијат на иста постелнина во просек 12 дена, и покрај големата опасност од коронавирусот кој веќе со месеци се шири низ светот.

Исто така редовно треба да се менуваат и пижамите и навлаките за перници, а душекот длабински да се чисти барем еднаш годишно.

Дури 64 отсто од луѓето потенцијално внесуваат нечистотија во креветот доколку не се истушираат пред легнување, додека 12 отсто од испитаниците признале дека не се тушираат секој ден. Во тој случај, мажите се поголеми “престапници” од жените.

извор:точка.ком.мк

To top