Радио Милева

Пејачот Џани и неговата сопруга осудени на домашен притвор поради кршење на правила за време на пандемија

Пејачот Џани и неговата сопруга осудени на домашен притвор поради кршење на правила за време на пандемија

Пејачот Драгиша Трајковиќ Џани и неговата сопруга Слаѓа се осудени на три месеци домашен притвор поради кршење на правилата во пандемија.

Тие се приведени во еден познат хотел каде што покрај нив имало 22 лица, па се уапсени поради кршењето на правилата дадедни од страната на Владата на Србија.

Сопругата на Џани, Слаѓа за телеграф.рс ги откри сите детали за апсењето, како и тоа како се чувствува во домашен притвор.

фото: инстаграм

„Бевме на погрешно место, во погрешно време. Отидовме  да однесеме лек на пријател, не знаевме дека не треба има повеќе од двајца на едно место, а тоа известување не беше никаде објавено, никој од хотелот не ни кажа дека не смееме да бидеме таму. Не знаевме што ќе се случи, не сакавме да загрозиме некој или да се загрозиме себе. Имам три деца, среќа не бевме сите заедно затоа што можевме да завршиме во затвор“ вели Слаѓа.

„Полицајците си ја завршија работата, беа култерни и љубезни кон нас. Не ми беше сеедно кога слушнав дека ќе не задржат. Бев исплашена. Ми беше многу непријатно, ужасно е да бидеш во ќелија. Страшно. Никогаш не би направиле нешто што е забрането, но не знаевме“ вели сопругата на Џани.

фото: инстаграм

Таа додава дека ќе ја испочитуваат својата казна и три месеци ќе бидат во домашен притвор.

„Се договориме за домашен притвор, ќе ја отслужиме казната. Таа се уште не стапи на сила, но ќе ни си јават кога започнува домашниот притвор“.

To top