Синот на македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина Ристовска наполни две години.
Бидејќи поради короната и вонредната состојба се затворени рестограните, градинките, игротеките, малиот Душан салвеше дома во најубаво друштво, со мама и тато.
Борко на социјалните мрежи објави неколку фотографии од славеникот како дува свеќички, а на синчето му посака да биде жив и здрав.

Ни мама Николина не ја криеше среќата што наследникот слави роденден, па на „Инстаграм“ напиша емотивна порака.

„Најголемиот празник за мене. Моето лавче денеска полни 2 години. Те сакам сине. Биди се што ќе посакаш во животот, биди свој, но пред тоа биди среќен“ напиша Ристовска.

Под објавите се нижеа честитки за убави желби за малиот Душан. За потсетување, Борко и Нина во јануари 2018 година склопија граѓански брак и запливаа во брачните води, а во 2019 година направија свадбена веселба во еден познат скопски хотел.