Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток(02.Април,2020 година)

Дневен хороскоп: Четврток(02.Април,2020 година)

ОВЕН

Работа: Имате впечаток дека во работното опкружување некој работи против вашиот интерес и тоа нималку не ви се допаѓа.

Љубов: Не ви се допаѓа тоа што саканата личност покажува љубомора во комуникацијата со вас.

Здравје: Генерално добро.

БИК

Работа: Денешниот ден ви е поволен за тоа да прифатите некои проекти кои ве чекаат одамна.

Љубов: Имате малку поголеми очекувања и не сте сигурни на кој начин треба да се поставите кон симпатијата.

Здравје: Нервна напнатост.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ако сте планирале соработка со личноста која веќе ви помогнала на работното поле, ќе бидете задоволни.

Љубов: Ако сте слободни, ќе имате нови и интересни љубовни понуди во текот на денешниот ден.

Здравје: Вртоглавица.

РАК

Работа: Ве очекува малку тежок ден низ кој нема да ви биде едноставно да ги решите сите работни проблеми.

Љубов: Партнерот отворено ќе ги покаже своите чувства кои ги има со вас. Може да очекува среќа.

Здравје: Потребен ви е одмор.

ЛАВ

Работа: Одговорностите кои ги имате треба да ги земете во предвид сериозно. Посветете се на својата работа денеска за да ги остварите своите планови.

Љубов: Ќе успеете да остварите подобар однос со партнерот со кој сте имале мали пречки.

Здравје: Стабилно.

ДЕВИЦА

Работа: Може да очекувате позитивен ден кој на работното поле ви носи некои добри вести.

Љубов: Дистанцата меѓу вас и саканата личност може да земе замав. Можна е голема криза.

Здравје: Проблеми со грбот.

ВАГА

Работа: Не е поволен ден за патувања или било какви ризици. Може да дојде до некои потешкотии на вашето поле работа.

Љубов: Ви се допаѓа личност која на некој начин е неискрена кон вас.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

ШКОРПИЈА

Работа: Вложувате голем напор во својата работа и подготвени сте да се посветите на своите обврски за да ги реализирате целите.

Љубов: Не сте сигурни во својот емотивен избор. Можно е да се предомислувате околу прекин на врската.

Здравје: Се чувствувате добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е на работното поле да имате некои кочници. Ситуацијата ви се одвива забавено и отежнато.

Љубов: Саканата личност ќе покаже дека е подготвена вашата врска да ја пренесе на некое повисоко ниво.

Здравје: Бубрезите се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е да имате проблеми во комуникацијата со соработниците и дека нема да ви биде лесно да остварите компромис.

Љубов: На љубовното поле ве очекува добар однос со саканата личност.

Здравје: Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Сакате да ризикувате и на ова поле сте подготвени за некои нови вложувања за да реализирате подобра финансиска ситуација.

Љубов: Пред вас е нова прилика за познанство. Поволен е денот за промени.

Здравје: Водете сметка околу зглобовите.

РИБИ

Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, очекувајте почеток на подобра ситуација.

Љубов: Во односот со брачниот партнер ве очекуваат пречки и несогласувања кои ќе ви донесат мали проблеми.

Здравје: Добро се чувствувате.

извор:нетпресс.ком.мк

To top