Живот и Стил

Брз колач со кисело млеко, чоколадо и пишкоти – Нема печење

Брз колач со кисело млеко, чоколадо и пишкоти – Нема печење

Направете брза торта со пишкоти и кисело млеко.

СОСТОЈКИ:

  • 12 пишкоти
  • 400 гр. кисело млеко
  • 2 лажици кисела павлака
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 1 кора од портокал
  • 50 гр. црно чоколадо

ПОДГОТОВКА:

  • Се мешаат во сад киселото млеко со павлака и се става шеќер, па се мати да се растопи шеќерот.
  • Се става ванила на крај за арома.
  • Се редат во мал плех 6 пишкоти, па млечна смеса, рендана кора од портокал(Не мора цела), рендано чоколадо.
  • Се става втор ред пишкоти(повторно 6), па се става останатиот крем горе.
  • Се става во ладилник.
  • Најубаво е во плехот да ставите проѕирна фолија, со која потоа полесно ќе го извадите колачот.

Извор: готви.мк

To top