Радио Милева

На водителот Роберт Јанков му беше роденден и откри колку ги наполни (фото)

На водителот Роберт Јанков му беше роденден и откри колку ги наполни (фото)

ТВ водителот Роберт Јанков вчера го исполни својот профил на Фејсбук со стотици коментари кои од пријателите и следбениците беа упатени на негова сметка.

Поводот беше неговиот роденден кој годинава го обележа дома, а не исклучи ниту да дува роденденски свеќи.

фото:роберт јанков/фејсбук

Жените обично ги кријат годините, но кај мажите откривањето на возрата не е некоја голема работа.

Имено, Роберт го прослави 41-от роденен, а за бројките на тортата се пошегува пишувајќи:

-Не верувај во се што ќе видиш, немаше други бројки…

фото:роберт јанков/фејсбук

 

Убави мисли и желби доби на тон, а што си замислил кога ги дувнал свеќите на тортата, го остави за себе.

Среќен роденден!

To top