Радио Милева

Сузана Туринџеива: „Ги дезинфициравме улиците, домовите, парковите, ама не сум сигурна дали ги дезинфициравме мислите и срцата

Сузана Туринџеива: „Ги дезинфициравме улиците, домовите, парковите, ама не сум сигурна дали ги дезинфициравме мислите и срцата

Деновите во изолација, карантин како да не минуваат, и колку обврски да си наоѓаме во четирите ѕида, сепак ни недостига секојдневната рутина.

Многу од јавните личности се повеќе активни од вообичаено на социјалните мрежи и откриваат како го поминуваат времето, но и ги охрабруваат своите фанови да останат дома, да издржат, бидејќи и ова ќе помине.

И додека сме дома, можеби во нас се буди свеста колку животот е краткок, колку една секунда, минута може да промени многу нешта и кои се вистинските вредности во животот.

фото: фејсбук

Сузана Турунџиева на својот „Фејсбук“ статус напиша моќен статус за короната, пандемијата, изолацијата….Во продолжение ви ја пренесуваме нејзината објава.

Ги дезинфициравме улиците, домовите, парковите, училиштата, институциите, зградите, моловите, работните места, ама не сум сигурна дали ги дезинфициравме мислите и срцата полни со омраза…
Во изминативе 2, 3 недели многумина научија дека раце се мијат со сапун и вода, ама не знам дали изнајдоа средство со кое можат да си ги измијат душите, инфицирани со гнев, лицемерие и завист…
Многумина кои во животот се немаат ни 3 саати свртено дома, сега седат сус, не знаејќи ни како да се однесуваат со нивните домашни, гледаат вести по 68 пати дневно, а во меѓувреме неутешно јадат, мијат раце, спијат и ја проверуваат залихата со храна, да не случајно приумрат за јадење…
Додека целиот свет пребројува жртви и се труди да изнајде лек против короната, кај нас партиите се препукуваат, старлетите позираат, хејтерите хејтаат, филозофите филозофираат, сеирџиите се мајтапат, спонзорушите се рекламираат, само малкумина вистински работат… Некои (најсреќните) од дома, но некои во првите борбени линии, изложени на сите можни ризици…
Им симнувам капа, на сите кои ги ризикуваат своите животи и животите на нивните најмили и непрофесионално ја вршат својата работа.
Тоа се херои на денешницата која е инфицирана од пострашни вируси од короната…
Но, што си баравме, тоа си добивме… Не не интересираше туѓата мака и невоља, бидејќи не беше наша, туку на комшијата… Та што има да се замараме со маките на комшијата кога не е тоа наша мака?!
Затоа сега секој сам и изолиран ќе си седи дома со телефонот и средството за дезинфекција во раце…
Белким ќе имате време да си ги дезинфицирате душите и мислите себични?!
И ако некогаш сте се прашувале колку е далеку Австралија, верувам дека сега откако сите се оддалечија и изолираа, дознавте колку е далеку…
Оти сега сите сме во Австралија… Сузана Турунџиева“ напиша на Фејсбук.

Ова нејзина објава предизвика многубројни рекации, а многумина се сложија со Турунџиева дека е во право и дека во секој збор има вистина.

To top