Што се случува? Каков е тој вирус?
Не се заразуваат бремени жени.
Децата најмалку ги напаѓа.
Најмногу ги напаѓа неодговорните.
Ги тера младите да се грижат за постарите.
Не тера со сила да одмораме, ни дава продолжен годишен одмор, скратено работно време.
Не тера да поминуваме повеќе слободно време со своите деца. Им дава на сопружниците, партнерите, пријателите, соседите подобро да се запознаеме меѓусебе, ни дава време за љубов.
Не учи на приоритети и чување на нашето здравје.
Не тера сами да месиме леб.
Не тера да престанеме да брзаме.
Не тера помалку да го загадуваме животот.
Ја чисти природата.
Ги ослободува патиштата, ги намалува несреќите.
Не исфрли од кафулињата, кладилниците, коцкарниците.
Не тера да бидеме хумани.
Не учи дека не може да ни помогнат вреќите пари, вилите, автомобилите, јахтите, туку човекот, вистинскиот, храбар човек.
Не учи да ги цениме вистинските вредности.
Не учи да го цениме и туѓиот живот.
Не стави нас во кафез додека животните се надвор.
Ја намалува проституцијата, криминалот, перењето пари и дава шанса на матичната земја да си го врати својот народ.
Не тера да тежнееме кон знаењето, да ја бараме вистинската, а не лажната информација.
Ги тера владите и политичарите да соработуваат.
Не учи дека кога има зло некаде во друга држава, на друг континент, кај друг народ, кој што е далеку од нас, всушност е блиску, многу, многу блиску.
Што е ова?
Ни ги отвори ушите и очите.
Замислете што ни прави овој вирус,
Не учи да бидеме луѓе во вистинска смисла на зборот.
Да си ја пронајдеме нашата примарна улога.
извор: батали.нет