Радио Милева

Вака Елена Миленковска и Гуте се подготвуваат за пристигнување на нивниот наследник (фото)

Вака Елена Миленковска и Гуте се подготвуваат за пристигнување на нивниот наследник (фото)

Македонската пејачка Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ за два месеци за првпат ќе се релизираат во улогата на родители.

Како што објавија на социјалните мрежи, тие ќе добијат син. Елена ужива во својата прва бременост, а често несебично споделува фотографии.

Бидејќи моментално и во Србија  е вонредна состојба поради коронавирусот и поголемиот дел од естрадата е во карантин, Елена и Гуте уживаат во својот дом во Белград.

Тие на своите фанови и следбеници им покажуваат како го поминуваат времето во самоизолација, но апелираа до сите до останат дома бидејќи така ќе престане да се шири вирусот.

фото: Инстаграм

Парот од „Ѕвездите на Гранд“, домашната изолација ја користат и за да се фотографираат, медитираат, да прочитат книга, но и да уживаат во пристигнувањето на нивниот наследник.

фото: инстаграм

Така, полека, но сигурно се подготвуваат за доаѓањето на синчето. Елена на својот „Инстаграм“ објави фотографија од креветчето за новиот член на семејството и каде ќе спие и ќе има мирен сон.

фото: инстаграм

Елена и Гуте не можеа да не споделат колку се радуваат што ситно бројат до моментот кога во нивниот живот и дом ќе им се прикучи едно мало ново сушество кое ќе го исполнат со љубов и внимание, а тоа ќе има посебно место за спиење, како во бајките.

Освен тоа тие и запејаа еден рефрен од песната „Во прегратки спасени“, а на своите фанови им порачаа дека песната е за сродни души и тие се пронашле во секој стих од истата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ????? Milenkovska ?????? (@elenamilenkovskaa) on


За потсетување, Елена и Гуте се запознаа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а потоа по неколку месечна врска склопија брак во Србија, а во Скопје направија голема свадбена прослава.

To top