Радио Милева

Ѕвездата од филмот кој сите го знаме не успеа да оди на погребот на татка си поради коронавирусот!

Ѕвездата од филмот кој сите го знаме не успеа да оди на погребот на татка си поради коронавирусот!

Холивудската актерка Ниа Вардалос, која најмногу ја паметиме како главна хероина од филмот “My Big Fat Greek Wedding”, овие денови минува низ тежок период во животот откако починал нејзиниот татко Гус Вардалос, а таа не можела да биде на неговото последно испраќање поради коронавирусот.

Ниа својот татко последен пат во нивната родна Канада го посетила за Божиќните празници, пред епидемијата да започне.

“За Божиќ сите бевме таму. Седеше на каучот, среќен и подвижен, но не можеше баш да истрча маратон. Имав чувство дека тоа е тоа. Се случи тој момент меѓу нас кога се збогувавме. Мислам дека ми кажа – “Ова е навистина збогум””, рекла актерката за „Variety“.

Кратко потоа бил хоспитализиран, а Ниа со него можела да комуницира само преку телефон.

фото:инстаграм/ронтскрин

“Медицинската сестра го држеше телефонот, а јас му се заблагодарив за неверојатниот живот кој ми го овозможи, му реков дека е господин и вистински татко. Мама го држела за рака и му кажала дека е во ред и дека може слободно да замине”, изјавила таа.

Починал на 12-ти март. За жал, поради самоизолацијата и забраната за патување, Ниа не можела да биде на неговиот погреб.

Таткото на Ниа послужил како инспирација за продуцентите на комедијата која ја прославила.

To top