Пејачката Ана Николиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде што проговори за најтешките моменти во нејзиниот живот, кариерата, борењето со вишокот на килограми и за разводот со Стефан Ѓуришиќ Раста.
„Бев на дното. Ме уништуваа припадниците на седмата сила. Имав 100 кг, а не може да си јавна личност и да имаш 100кг. Но, ете јас успеав да се вратам на својата линија. Докажав дека сум победник и борец, а кога тонеше се гледа кој е со тебе“ вели Николиќ.
Ана откри дали е жал што не усеал бракот.
„Секако дека ми жал, сакав. Често фантазирав за љубовта, само љубов, брак, дете тоа ми беше во глава, а кариерата ми се случи“ вели Ана.
На прашањето дали повторно би се омажила таа вели.
„Никогаш не вели никогаш, можеби ќе имам повеќе бракови од Наташа Беквлац“ додава Николиќ.
За потсетување, таа се разведе од Стефан Ѓуришиќ Раста, а од бракот заедно ја имаат ќерката Тара.