Живот и Стил

Направете го овој едноставен напиток кој веднаш ќе Ве спаси од главоболка

Направете го овој едноставен напиток кој веднаш ќе Ве спаси од главоболка

Овој едноставен напиток ќе Ви помогне да се ослободите од болките во главата за околу 30 минути. Стручњаците од областа на исхраната советуваат да направите домашно кафе без шеќер, во кој ќе треба да исцедите половина лимон.

Тајната се крие во кофеинот, кој ги стеснува крвните садови, што значи дека капиларите во мозокот можат да се соберат и со тоа да ја смират главоболката која се јавува поради проширените крвни садови.

Но, доколку конзумирате премногу кофеин, тогаш може да биде лошо и повторно да предизвика главоболка. Есенцијалните масла од лимонот исто така се одлична помош за болките во главата предизвикани од дигестивни проблеми. Лимонот содржи лимонова киселина, која ја претвара киселината во дигестивен тракт во алкална состојба. Алкално значи поголема концентрација на молекулите на кислородот, кој ги олеснува болките во главата.

Друг интересен факт за комбинацијата на кафе и лимон е тоа што потекнува од кинеската традиционална медицина, која ја класифицира храната според петте видови на природата (свежа, студена, топла и врела) и петте вкусови (кисело, горко, слатко, остро, солено, незасладено).

Кафето е горко, има топла природа, додека лимонот има кисел вкус и освежувачка природа. Комбинацијата на овие енергетски својства го прави кафето и лимонот за одличен лек за главоболката.

извор:точка.мк

To top