Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ неодамна се вратија од Монако, па на аеродром биле тестирани од коронавирус, но резулататот е негативен.
Меѓутоа, пејачката и нејзиното семејство ги почитуваат мерките за заштита, па сите заедно се во изолација во нивниот дом на Бежаниска коса.
Таа овој момент го користи за да ужива со семејство и да поминуваат заеднички моменти за кои вообичено немаат многу време поради работните обврски.
Пејачката е активна на социјалните мрежи, па со фановите често споделува како ги поминува деновите во карантин.
Фолк дивата ги почитува сите мерки за зашита од Ковид19, од седење дома до носење ракавици и маска во домашен амбиент.
Имено, таа на социјалните мрежи објави фотографија на која игра карти со нејзиното семејство и нејзината пријателка Ката. На фотографијата се гледа како Брена носи маска и ракавици, и исто така нема грам шминка.
„Остани дома“ напиша пејачката и покажа дека е пример како да се однесува во вонредна состојба.