Пејачката Зорица Брунцлик поради коронавирусот ги откажала сите професионални активности, па се огласи на „Инстаграм“ истакнувајќи дека е сигурна дека од ова ќе излеземе како победници.
„Заедно делевме добро и лошо. Пеевме на мостови додека ни фрлаа бомби, но пеевме и на плоштади славејќи го успехот на нашите спортисти. Со песна ги испраќавме старите и дочекувавме новите години со надеж за нешто подобро, со срца полни за убави желби, но и заедно тагувавме, не штедејќи ги солзите кога испраќавме некои луѓе кои го обележаа нашиот живот. Бев со вас во времето кога се веселивте, венчавте, напредувавте во животот и кариерата, а бев тука кога ни се случија поплави, војни, земјотреси“ вели пејачката.
„На моја голема жалост, пандемијата на коронавирусот не ја заобиколи ни мојата држава, а моја желба е да поради мене никој не биде во опасност“ вели Зорица која ги откажа сите настапи.
„Моите мисли се сите оние кои се борат со оваа заразна болест, со желба за полесна победа, а моите молитви се со сите вас кои живеете на овие простори. Се молам да останете здрави, бидете мудри и смирени, слушајте ги советите на надлежните. Моите молитви се со највозрасните граѓани кои се најзагрозени и да не се изложуваат на неопходен ризик“ вели пејачката и додава:
„Овој народ во текот на тешка и бурна историја многупати покажа дека е најсилен кога е најтешко и дека пред се го краси самопочитување, дисциплина, хуманост и љубов кон своите. Сигурна сум дека и сега така ќе биде, дека ќе излеземе како победници. Јас со својот пример ќе го покажам тоа и ќе дадам придонес. А потоа ќе ве чекам заедно да прославиме. Ве молам да се чувате. Ве сакам, засекогаш Ваша Зорица“ порача Зорица и со ова објава предизвика бројни емотивни реакции.