Емина Јахоховиќ и Мустафа Сандал не престануваат да ја интригираат јавноста откако потврдија дека се разведуваат.
Пејачката деновиве го прослави шестиот роденден на својот син Јавуз во една игротека во Истанбул, а турската музичка ѕвезда, Мустафа Сандал не се појави на прославата.
Иако Eмина велеше дека ќе се труди децата да не го почувствуваат неговото отсуство, тоа сепак се случи, но малиот Јавуз и покрај тоа не ја тргаше насмевката од лицето бидејќи се беше во знакот на филмските јунаци кои тој ги сака.
-Јас не знам зошто тој не беше таму. Постои можност да имал работни обврски, па не можел да стигне. Искрено, се сомневам дека Емина не го повикала, бидејќи тие навистина скаат нивните деца да растат нормално, вели извор близок до пејачката.
Инаку, Емина фотографиите од прославата ги објави на својот Инстаграм профил.