Младиот боксер и син на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко, објави дека ги откажал сите претстојни натпревари поради вирусот корона.
Тој најави дека донел одлука да ги откаже сите натпревари што ги имал во наредниот период заради ширење на вирусот.
– Знаете, чекам дете и планирав да направам уште три натпревари додека не се случи тоа, затоа што после тоа нема да можам да тренирам толку многу. Но, ги откажавме сите натпревари – рече Вељко, кој потенцираше дека здравјето на сите граѓани доаѓа во прв план.
Вељко и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ ќе го чекаат првото дете напролет. Тие ќе добијат син, на кого решија да му го дадат името Жељко по името на неговиот дедо..