Начинот на кој луѓето трошат пари и управуваат со финансиите не зборува само за нивната финансиска моќ, туку открива детали за нивниот карактер, на пример за стравовите кои секој човек го носи длабоко во себе.
Нашата врска со парите може да каже и за тоа каквa личност сме.
Проекција на минатото во иднината
Некои родители не се во можност да им ги купат работите коишто нивните деца ги посакуваат. Можеби станува збор за некој убав фустан, а можеби вашето дете сонувало да свири на клавир, но не сте можеле да му го овозможите тоа.
Ваквите ситуации оставаат траги во потсвеста и предизвикуваат несигурност, а таа несигурност може да се проектира понатаму во вашиот живот. Па затоа, откако ќе станете финансиски стабилни, ги купувате сите работи коишто сте ги немале во детството.
Знак за тоа какви луѓе сме
Ако се чувствувате сигурни во себе кога ги решате вашите финансиски проблеми, имате голема самодоверба. Не се плашите да вложувате финансиски средства, да ризикувате со бизнис-одлуките и сите финансиски предизвици кои ќе се најдат на вашиот пат.
Од друга страна, оние коишто се плашат да не останат без пари се несигурни во себе. Доколку не ризикувате кога станува збор за финансиското прашање, вие сте такви и за сите други одлуки во секојдневниот живот.
Најдлабоки стравови
Повеќето луѓе замислуваат каков би бил нивниот живот доколку наеднаш останат без пари. Замислувањето на оваа ситуација ги открива вашите најдлабоки стравови. Парите го откриваат она што најмногу го цениме и што не би сакале да го изгубиме.
Промена на перцепцијата
Можеби парите не претставуваат проблем во вашиот живот доколку имате сигурна работа со високи примања. Но, некои луѓе никогаш не се задоволни од она што го имаат.
Доколку имате сигурна работа со солидна плата, сетете се што би се случило доколку ја изгубите ако постојано се плашите.
Исто така, размислете дека некој сонува да го има вашето работно место, а наместо тоа се бори со неправди и крпи крај со крај.