фото:Stefan Rajhl instagram-karolinagoceva
Поминаа три од закажаните седум концерти на албумот „Извор“ кој Каролина Гочева деновиве го промовира пред македонската јавност во Македонската опера и балет.
Многу пофални зборови и коментари се собраа на социјалните мрежи откако македонското девојче ги објави песните од албумот на интернет каналот Јутјуб, како и фотографиите од концертот.
Сите имаа по неколку илјади допаѓања, што уште еднаш се потврди дека Каролина како и за претходните албуми, веднаш ја освојува публиката, а тоа го покажуваат и распродадените концерти.
фото:Stefan Rajhl/instagram-karolinagoceva
Најголемата радост и задоволство на уметникот е кога публиката ќе го вреднува понуденото, а пак тоа голем мерак и полно срце им прави и на најблискиските на уметникот.
Па така, на првиот концерт на Каролина, заедно да уживаат беа нејзината мајка Светлана и свекрвата Лиле која објави фотографија на социјалните мрежи.
-Среќни и задоволни, гласи описот, а и како не би биле кога нивната сакана снаа и ќерка ги радува најдобро што знае и умее.