Кучето Чау Чау – Чаудер (Chowder) има речиси половина милион следбеници на Инстаграм. Поради својот пресладок изглед кој потсетува на кадифено мече, тоа ги освои срцата на корисниците на интернетот и стана вистински хит.
Чаудер има 6 години и доаѓа од Филипините. Сопственичката Бернис Лозано вели дека е многу мрзелив, но дека му простува бидејќи е пресладок. Поради неговите големи ноздри и тркалезното буцкасто лице, многумина го споредуваат со кадифено мече.
“Навистина има карактеристики на мече”, рекла сопственичката која признала дека луѓето на улица често ја застануваат додека го шета Чаудер и сите ја имаат истата реакција.
“Сите секогаш повторуваат дека изгледа како кадифено мече и сакаат да се фотографираат со него”, открила Бернис и додала дека тој не е многу активно куче и дека најмногу сака да јаде и да се одмара. Неговата омилена храна е пилешко месо, а најмногу ужива во играњето криенка.