Анастасија Ражнатовиќ уживаше на втората вечер на „Music Week Festival“ кој се одржуваше на Копаоник, а пред да започне забавата пејачката разговараше за својот професионален и приватен живот.
Младата пејачка неодамна доживеа непријатна ситуација кога на социјалните мрежи без дозвола се појави нејзината нова песна „Хероина“.
„Бев разочарана, не сакам да лажам, ми беше тешко бидејќи не знаев што ќе излезе бидејќи знам се што имаат. Фала му на Господ излезе само „Хероина“. Добро помина, така да сега сум задоволна. Како што кажав се трудам да размислувам позитивно, да работим на спотовите и дека се ќе биде како што треба“ вели Анастасија за телеграф.рс
Ражнатовиќ исто така ја прокоментирата „војната“ меѓу Цеца и Јелена Карлеуша.
„Немојте да ме влечете за јазик, ве молам. Тоа трае со години. Тоа многу ме погодуваше кога бев млада, но со текот на годините сфаќате кој го кажува тоа. Мислам дека мојата мајка направи најдобра работа, а тоа е да молчи и да не се спушта тоа ниво“ вели пејачката.
За потсетување, неодамна Цеца и Јелена повторно се најдоа на суд.