Радио Милева половина век со нас...

Можеби четири дена порано, ама затоа пријателите на Весна – Бејби и направија волшебен роденден: Кафеана, торта и тамбураши за она: “половина век живот“ да не ја плаши (ФОТО)

Можеби четири дена порано, ама затоа пријателите на Весна – Бејби и направија волшебен роденден: Кафеана, торта и тамбураши за она: “половина век живот“ да не ја плаши (ФОТО)

Весна Бејби Петрушевска… Има ли некој што не ја знае? И по она што го работи, (а што ли се’ не сработе), до сето она што во животот приватно и се случуваше. Како и да е – само на арно да е, велат страите,  а со сите животни премрежја,  професионални и приватни растежи и падови, на Бејби засега добро и оди… И повеќе од тоа! Барем последниве 50 години!

Да, да… нека не ве изненадува и чуди бројката, не е грешка… Иако Бејби воопшто не изгледа така и не ја личи за „средновечна“, туку повеќе за „вечна“ жена – годините се тие! До душа, на дамите не им се бројат годините, ама нејзе пријателите решија сепак да ја изненадат и да и го одбележат јубилејот. Иако (од веројатно разумни или изнудени причини?!) тоа го направија цели четири дена порано, ама сепак го направија.

Балони, цвеќе, торта со свеќички (од кои една вреди за 5 , оти поинаку на тортата нема да ги собере), кафеана, музика, тамбураши… За она: „половина век живот“, да не ја плаши.

Можеби четири дена порано, ама затоа пријателите на Весна – Бејби и направија волшебен роденден!

Се разбира и таа не остана должна, па заедно сите славеа, се радуваа, наздравуваа… Со „Хепи брдеј“,  барем за уште толку!

А гостите одбрана дружина. Оние најблиските, најверните, најдрагите, најоданите… пријатели и блиски, меѓу кои и некои познати и популарни македонски лица, како Кролина Гочева со сопругот, уметникот Михаил Корубин или Никола Перевски попознат како Пере – „Нокаут“, на пример.

Познати или не, сите еднакво драги, како што на Весна Бејби  и роденденското изненадување и беше драго… И повеќе од тоа! „Половина век, мајко моја“ – напишала за годините?  А, годините се всушност само бројка, зашто само небото е лимит!

To top