Празниците се зад нас и време е за детоксикација на организмот. Убава, негувана и мазна кожа е целта на секоја жена. Но, честопати ја забораваме вистината на онаа стара поговорка која вели: „Убавината доаѓа одвнатре“. За да го исчистите вашето тело од штетни материи, подгответе здрав пијалок што ќе ја направи вашата кожа здрава, сјајна и младолика.
Овој моќен пијалок е преполн со здрави состојки, витамини и минерали. Морковите се богат извор на витамин А кој игра важна улога во здравјето на кожата, косата и ноктите, додека кокосовото масло содржи здрави масти кои обезбедуваат правилна функција на хормоните и ја прават нашата кожа убава и здрава. Чиа семето е богато со омега-3 масни киселини, протеини, железо, цинк и калциум, а заради кремаста структура тие ни даваат чувство на ситост.
Состојќи:
- 1 чаша кокосово млеко
- грст блитва, кељ или спанаќ
- ½ чаша моркови
- 2 урми
- 2 лажици какао во прав
- 2 лажици чиа семе
- 1 лажичка семки од тиква
- ½ Екстракт од ванила
прстофат цимет
Сите состојки измешајте ги во блендер додека не се изедначат. Засладете по желба. Во пијалокот исто така можете да додадете неколку коцки мраз.
извор:попара.мк