Оние кои успеале да ги остават цигарите користејќи го овој метод, тврдат дека е „навистина неверојатно како функционира овој напиток“.
Како што велат тие, убива било каква желба за никотин во вашето тело, а подготовката е повеќе од едноставна. Потребни ви се суви лисја од тегавец.
Подготовка:
Земете неколку суви лисја тегавец, ставете ги во тегла и полијте ги со половина литар зовриена вода.
Затворете ја теглата и оставете да отстои два часа.
Во текот на денот треба да ја испиете целата содржина од теглата. Консумирајте на дневно ниво додека да ја снема желбата за пушење.
Докажано е дека билката ја намалува потребата за никотин. Ако го пиете овој чај седум дена, ќе видите колку се намалува желбата за пушење. После неколку дена нема да треба да пушите. Ако го пиете овој чај еден месец, веројатно ќе престанете да пушите засекогаш.
Можете исто така да џвакате и свежи лисја.
Лековитите својства на тегавецот се огромни. Потекнува од Евроазија, а археолошките наоди укажуваат дека тегавецот се користел како лек уште во римско време во Британија. Чајот од тегавец помага при респираторни заболувања и кашлица. За уште подобро дејство, се препорачува во комбинација со мајчина душица. Тогаш е особено делотворен кај бронхитис и астма, па дури и кај болести на црниот дроб и мочниот меур.
Сирупот од тегавец ја прочистува крвта. Неговата ефикасност е неверојатна кај секаков вид на рани, отоци, исеченици и плускавци. Ако нешто од овие работи ви се случи во природа, направете облога, така што, лостот од тегавец ќе го ставите на раната, а потоа преврзете со газа, со цел подолго да биде во контакт со кожата.
извор:попара.мк