Живот и Стил

Џејми Оливер откри трик за совршен болоњезе сос

Џејми Оливер откри трик за совршен болоњезе сос

Љубители сте на болоњезе сос и сакате кулираски уметности од познатиот Џејми Оливер? Тогаш ќе го обожувате овој рецепт…

Состојки:
– 1/2 кг. мелено јунешко месо
– 1/2 кг. мелено свинско месо
– 50гр. чадена сланина
– гранче рузмарин
– 1 кромид
– 2 моркови
– 2 целери
– 2 конзерви пелати од 400мл.
– 1 лажица доматно пире
– 800мл. вода
– малку маслиново масло
– сол и бибер по желба

Подготовка:
Во тенџере истурете малку маслиново масло и додадете го ситно исецканиот рузмарин. После неколку минути додадете ја сланината исецкана на ситни парчиња.

Следниот чекор е да го додадете свинското и јунешкото месо. Сите заедно гответе и мешајте околу 10 минути, односно сè додека месото не омекне и не добие кафена нијанса.

Потоа исецкајте го лукот, морковите и целерот. Подготвениот зеленчук додадете го во тенџере и гответе дополнителни 10 минути.

извор:точка.ком.мк

To top