Да се биде реален и самокритичен на својот карактер, е доблест, но за оние кои тоа можат вистински да го прифатат и разберат. Не баш секој ги признава своите маани, но фолк пејачката Сани Гроздановска е свесна за својот темперамент и тоа не ретко го искажува јавно.
Овој пат поводот беше роденденот на нејзиниот сопруг Мартин на кого му напиша несекојдневна роденденска честитка на својот Инстаграм.
Имено, со оглед на тоа што нејзиниот сопруг е роден на почетокот од месец март, неговиот хороскопски знак е риби, кои според астролошки правила, се најемотивните во зодијакот, но токму искреноста и непосредноста им е привлечна.
Со оглед на приложеното, Сани би се опишала како жена „ураган“, а како што вели, точно е дека нејзиниот темперамент не е за „слаби“.
-Знам дека е тешко да се справиш со некој како мене ама во исто време и среќа е да ме имаш (се смее). Живеј ми уште 100 години бидејќи само некој со јаки нерви може да ме издржи, слабите бегаат. Среќен роденден љубави!, напиша Сани на своите Инстаграм приказни.
Проверено е дека бракот се заснова на компромис, но кога е зачинет со искреност и љубов, а дополнително и духовитоста е вклучена, тогаш секојдневието мора да биде поубаво!