За неа велат дека е Македонка која пее песни на англиски јазик со светски звук. А всушност младата Андреа е само уште едно дете, птоизвод од музичката лабораторија на македонскиот композитор, текстописец, продуцент, аранжер… Александар Масевски.
По дебитантската „I know“, младата пејачка Андреа Коевска неодамна ја промовираше и втората своја песна, одново испеана на англиски со наслов „Heartbreak“.
Очекувано, авторскиот дел и овој пат го потпишува Александар Масевски, како музиката, аранжманот и продукцијата, додека на стиховите на песната, коавтор е самата Андреа.
Мастерингот бил направен во Холандија кај Darius Van Helfteren, еден од старите пријатели на Масевски од времето на неговиот долгогодишен престој и студиска работа во Амстердам.
Песната нема видеозапис, но има одлична фотографија како за обвивка на ЦД, која ја направил фотографот Тео Костовски.
Темата „Heartbreak“ звучи модерно, свежо, моќно, налик на светските хитови, па затоа и не би не зачудило ако за Андреа по некое време повеќе се слушне надвор отколку дома. Впрочем, светот денес е „глобално село“, па со помош на технологијата добрите музички парчиња бргу патуваат на вистинското место.
Дотогаш, слушнете ја „Heartbreak“ и внимавајте на слухот… и пулсот: