Живот и Стил

Коктел солено пециво – Кифлички со многу зачини

Коктел солено пециво – Кифлички со многу зачини

Направете коктел солено пециво за појадок, вечера или пак мезе, па и ужина која е совршена да се однесе на работа или на училиште.

СОСТОЈКИ:

  • 100 гр. маргарин на собна температура
  • 100 гр. рендано сирење
  • 1 лажиче сол
  • 170 гр. брашно
  • 1 јајце за премачкување
  • црвен пипер, бибер и вегета
  • ПОДГОТОВКА:
    Се загрева рерна на 175 степени.
  • Се става хартија за печење на рамен плех.
  • Се ренда сирењето и се става маргаринот во сад со сирењето и сол.
  • Се меша да се добие изедначена смеса, се додава потоа брашно и се добива тесто кое не лепи.
  • Се дели на три дела, секој се развлекува и се прска со малку вода од горе.
  • Се ставаат зачини горе(црвен пипер, бибер, вегета и по избор) и се сече на осум триаголници од кои се виткаат кифлички.
  • Се редат на плех и се мачкаат со јајцето, се се става горе по избор сусам, ким…
  • Се печат додека не поруменат.

извор: готви.мк

To top