Актерката Селма Хаек (53) е во шестата деценија од животот и го воодушевува светот со својот изглед и убавина. Не е оптоварена со својот изглед, а доказите се фотографии од неа во целосно опуштено издание.
Селма ужива во бракот со еден од најбогатите мажи во светот, францускиот милијардер Франсоа Анри Пино.
Холивудската sвезда признава дека нејзиниот живот се сменил откако го запознала својот партнер во 2006 година во Венеција.
Селма беше фотографирана од папараците како опуштено ужива на терасата од станот во Мајами, пушејќи цигара и без шминка на лицето.
Селма носи огромни очила за сонце и има ноншалантно пуштена коса.
Сепак, она што сите го коментираат е дека актерката изгледа загрижена на фотографиите.