Во август 2018 година како бомба одекна веста дека фолкерката Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг Марјан, што многумина ги изненади оваа вест со оглед на тоа дека Велевска во своите интервјуа потенцираше дека сопругот и е голема поддршка.
Во тој период, Елена се огласи преку социјланите мрежи и со соопштение на својот „Фејсбук“ потврди дека се разведува од сопругот. Како причина поради која одлучила да стави крајот на бракот истакна дека е семејно насилство.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/smetav-deka-sekoj-brachen-problem-moze-da-se-reshi-elena-velevska-zrtva-na-semejno-nasilstvo/
Но, по само три месеци односно во октомври 2018, кога стивнаа написите за разводот на фолк пејачката, таа изненади со изјавата дека одлучиле со сопругот да се смират и да дадат втора шанса на бракот.
-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање, изјави Елена за „Фокус“ пред речиси две години.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-fativme-za-rache-i-vo-krevet-elena-velevska-prozbori-za-smiruvanjeto-so-soprugot/
Меѓутоа, изгледа Велевска и Марјан не успеале да најдат заедничко решение за брачните проблеми и недоразбирања, па пејачката дефинитивно се разведува.
За естрадниот магазин „Бекстејџ“, таа истакна дека разводот е во тек.
„Jaс кажав дека нема да разговарам на оваа тема бидејќи во бизнисот одлично ми оди, но не и во љубовта. Децата ми ја дават енергијата кој ми е потребна, а за маж…има многу мажи во светот“ ,вели Елена и додава:
„Видете јас многу се трудев околу тоа да ги задржам двете позиции, но ќе ви кажам кога ќе биде завршено, во тек е разводот“ вели пејачката.
За потсетување, Елена Велевска и Марјан Мирчески се во брак од 2008 година и имаат три деца,