Радио Милева

Зорица Брунцлик стави точка на приказната за разводот

Зорица Брунцлик стави точка на приказната за разводот

Изминатите денови се пишуваше за наводниот колапс на бракот на Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, па фолк пејачката се огласи за оваа тема.

Зорица истакна дека нема никаков разговор за тоа, бидејќи со нивниот брак, фала му на Бога, сè е во најдобар ред после толку години.

– Нема што да го разниша бракот со Мирољуб. Бесмислено е да се зборува кога станува збор за мојот брак. Во изминатите месеци читавме секакви работи за нашиот брак – рече Зорица, а пишува „Старс“.

фото:зорица брунцлик/инстаграм

– Напишано е од зли луѓе кои би сакале тоа да се случи со мојот брак, но добро е. Што бисе рекло во мојата песна – Сето тоа е љубов – заклучи таа и ги запре гласините.

Зорица и Кемиш се во брак од 1985 година и оттогаш се неразделни.

Заедно тие се појавуваат на скоро секој јавен настан, а како што рече Зорица во неколку наврати, нивната љубов е судбински предодредена.

To top