Радио Милева

Димитар Андоновски има повод за честење: Голема радост во семејството на пејачот

Димитар Андоновски има повод за честење: Голема радост во семејството на пејачот

Поп-пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина, пред три години ја дочекаа најголема среќа во животот – раѓањето на нивното прво синче Михаил.

Оттогаш, во домот на Андоновски, радоста и среќата е на најголемо ниво.

Димитар не се штеди многу да сподели некој заеднички момент со семејството и да објави се фановите како ужива во семејна атмосфера, посебно со синчето кое е негова најголема радост.

Диме, досега неколку пати сподели како неговиот син пее на микрофон, а дали ќе го наследи тато се уште е рано за предвидување.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dimatar-andonovski-vekje-ima-zamena-pejachot-se-pofali-so-novata-dzvezda-vo-semejstvoto-video/

Деновиве семејството Андоновски имаше убав повод за славење односно 3иот роденден на Михаил кој го прославија во една игротека.

По тој повод, пејачот на својот Фејсбук објави фотографија на која позира со сопруга и синот, а во описот на истата напиша;

„Пред 3 години Бог ни го подари најголемиот Благослов, ни ја даде смислата на животот. Ти благодарам Господе што го имаме најпрекрасниот син на светот. Среќен роденден Михаил“/

фото: фејсбук

Мама и тато на нивниот наследник му приредија роденденска забава со другарчињата, а Михаил повторно се фати за микрофнот и запеја роденденска песничка.

фото: инстаграм/принтскрин
фото: принтскрин/инстаграм

Нема сомнеж дека синот на пејачот имал убав роденденски ден исполнет со убава енергија, желби и со многу љубов.

Среќен роденден на Михаил, да е жив и здрав, голем да расте.

To top