Пејачка, актерка, водителка, мајка, сопруга, сестра, пријателка, ќерка…..Тијана Дапчевиќ е се во едно, па успева да стигне на сите страни.
Дапчевиќ постојано е на релација Скопје – Белград, па кога не е тука поради професионални активности обожава да го поминува своето време со најмилите, сестрата Тамара, внуците Хана и Дарен, со родителите…
Таа ужива и во семејната идила во нејзиниот дом во Белград каде живее заедно со сопругот Милан Дапчевиќ и синот Вук.
Пејачката неколку пати досега истакна дека Милан и е најголема поддршка, а тие започнале да живеат по четири дена од запознавањето и отогаш се неразделни.
Во една прилика, Дапчевиќ откри како ги надминува сите недоразбирања со сопругот.
„Се сакаме. Љубовта е единствено во што верувам и единствено што има „моќ“ да го одржи секој однос. Ако ја нема, не може да биде ништо друго. Покрај љубовта, важен е разговорот, ништо да не се турка под тепих и ништо да не се премолчува и претпоставува, само за да се зачува мирот во куќата, бидејќи потоа тоа од под тепихот станува превисоко за да се премине преку него“ вели пејачката.
Меѓутоа, Тијана не толку често објавува фотографии на социјалните мрежи од својот сакан. Меѓутоа, овој пат отстапи од правилата, па сподели еден момент каде парот позира на Копаоник, а под објавата напиша дека тој е чуварот на нејзиниот грб.
Објавата за краток период доби повеќе од 4 000 лајкови, но и многу позитивни коментари дека се одличен пар, а меѓу првите која коментираше беше и пејачката Сека Алексиќ која стави срце во знак на љубов.
За потсетување, Тијана и Милан се заедно повеќе од две децении, од бракот го имат синот Вук, а пејачката истакна дека повторно би сакала да се реализира во улогата на мајка.