Холивудската актерка Никол Кидман била фотографирана на сетот на филмот кој моментално го снима, а нејзиниот изглед ги загрижи фановите.
Популарната актерка има 52 години и веќе неколкупати е критикувана поради претераните пластични операции, а сега повторно наиде на мета на осуди затоа што изгледа преслабо.
Никол од глава до пети била облечена во гардероба во црна боја која ја истакнувала нејзината фигура, а многумина прокоментирале дека изгледа анорексично.
Актерката отсекогаш била слаба, но поради овие фотографии на повеќето им изгледаше загрижувачки.