Туристот Тони Камокио (51) од Велика Британија завршил во затвор поради наводно “сексуално вознемирување“ на работник кој работел како обезбедување на меѓународниот аеродром во Хургада.
Откако бил сместен во затвор, неговото семејство се огласило во медиумите и тврдело дека Тони едноставо само го потапкал работникот по грбот за да му се заблагодари, а главниот проблем е тоа што сето тоа се случило во текот на сигурносната проверка.
Неговата сопруга Џоан и синот Ремо заминале за Египет за да ги замолат локалните власти да го ослободат од затвор, но за жал не успеале во таа намера.
Британски „The Sun“ напишале дека ова е само уште еден од случаите во кои туристите од Европа се апсени во земјите на Блискиот исток поради непристојно однесување и поради тоа не можеле да се вратат назад во нивната татковина.
Египет има подолг список за обичаи и закони кои туристите мора да ги почитуваат во текот на нивниот престој таму, вклучувајќи ги нормите за нивно облекување, разменување нежност во јавност, консумирање алкохол, фотографирање, искажување политички ставови како и сексуална активност.
извор: точка.мк